Бојан Миовски остана без тренер во Ренџерс – Германецот донесе неочекувана одлука

Од:

Фудбалскиот клуб Ренџерс објави дека менаџерот Дени Рол го напуштил Иброкс за да го преземе Салцбург. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој е дел од шкотскиот клуб останува без кормилар.

Германскиот 37-годишен тренер го напушти клубот по само осум месеци, а најсериозен кандидат да го замени на клупата на Ренџерс е тренерот на Хартс, Дерик Мекинис, објави „Би-Би-Си“.

Во соопштението, Ренџерс изјави дека веста за новиот тренер ќе биде објавена навреме.

Рол го замени Расел Мартин во октомври и го водеше тимот кој се бореше за титулата до самиот крај на првенството. Ренџерс сепак ја заврши сезоната на третото место и без трофеј.

На крајот од сезоната, раководството на Ренџерс го поддржа, но Рол сепак одлучи да оди во Австрија.

„Му се заблагодарувам на Дени за неговата работа и посветеност на Ренџерс. Тој и неговите колеги вложија огромен труд за време на нивниот мандат, за што сме многу благодарни. Им посакуваме среќа во нивната идна работа“, рече претседателот на клубот од Глазгов, Ендру Кавендиш.

Рол имаше договор уште две години, а тој го презеде тимот кој минатата сезона заврши трет во австриската лига, што е најлошиот резултат на Салцбург во последните две децении.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос по дербито Селтик – Ренџерс, навивачите влетаа на терен, се случи општа тепачка

А1он

Стивен Џерард ќе да му стане тренер на Миовски во Глазгов Ренџерс

А1он

Миовски четири години во шкотскиот фудбалски гигант – Глазгов Ренџерс

А1он