Припадници на Управата за сообраќајна полиција со пресретнувач го запреле возилото „опел инсигнија“, кое на државниот пат Кикинда – Зрењанин (Србија) се движело со брзина од 171,3 километри на час, на дел од патот каде брзината е ограничена на 80 километри на час, соопшти српското МВР.
Возилото го управувал триесет и деветгодишниот Ј.С., кој бил во состојба на умерена интоксикација, бидејќи алкотестот констатирал дека возел со 0,70 промили алкохол во телото, се вели во соопштението.
„Во моментот на извршување на прекршокот во автомобилот се наоѓале сопругата на возачот и трите деца на возраст од 16, 12 и 10 години“, велат од МУП.
Возачот е исклучен од сообраќај и против него е поднесена соодветна пријава.
„Потсетуваме дека припадниците на Управата на сообраќајната полиција спроведуваат акција на зголемена контрола со цел зачувување на најповолната состојба на безбедноста во сообраќајот на патиштата“, соопшти српското МВР.
Во претходните седум дена санкционирани се вкупно околу 17.000 прекршоци, а од сообраќај се исклучени 1.500 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.