Во Ниш вечерва драстично нарушување на јавниот ред и мир, а во насилството извршено од луѓе кои ги поддржуваат протестите на студентските блокатори и опозициските партии, беа повредени десетици лица, меѓу кои Данијела Крстиќ и Тамара Милиќ, кои беа погодени со камења, а нападнат е и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ.
Jajarenje gradonacelnika Nisa Dragoslava Pavlovica. pic.twitter.com/pkWDeWjZbC
— MM (@mamihajllo) March 21, 2025
Полицијата согласно законот ќе реагира и ќе ги приведе сите одговорни за нарушување на јавниот ред и мир, информира српската полиција.
View this post on Instagram
Паркот на нишкиот кеј е ограден, а присутни се и силни полициски сили.
По повод настаните во Ниш говореше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека заедно со претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, одлучиле да не одат на форумот на Српската напредна партија, кој вечерва требаше да се одржи во Ниш.