Жена е убиена, а четири лица се ранети, вклучувајќи го и нејзиниот сопругот, а лекарите се борат за неговиот живот по пукањето во Белград, пишуваат српските медиуми. Пукањето се случило во кафуле во Вишњичка бања, а пиштол е пронајден во кафе барот.
Како што дознава, брачната двојка не била цел на нападот, туку друго лице кое било во истото кафуле.
Според првите информации, убиена е Д.В.(51), додека со повреди се здобиле Љ.М.(42) и О.А.(59).
Во пукањето биле ранети и Н.Н.(33) и Д.Р.(29), сите се во Ургентниот центар.
Полициската акција „Вихор 3“ е во сила. Полицијата започна потрага по бело комбе и најмалку двајца напаѓачи.