Со нож ги уби родителите, па си пресуди

Од:

Александар В. (36) ги уби татко си и мајка си со нож во семејниот стан во Крушевац, по што си пресуди скокајќи од седмиот кат на зградата!

Како што информираат српските медиуми, пожарникарите, кои вчера утрото ја скршија вратата од станот, затекнаа ужасна сцена, речиси секоја соба беше натопена во крв, а се верува дека таткото и мајката се обидеа да се спасат и да избегаат од својот избезумен син кој им нанесе бројни повреди од нож по целото тело, со нож.

Убиениот Драган В. беше еден од најпознатите лекари во градот, додека Александар В. наводно неодамна стана менаџер на компанија. Жителите наведуваат дека немаше индикации дека може да следи таков ужас.

Пријателите на Александар В. (36) од Крушевац се целосно шокирани по веста дека овој успешен млад човек ги уби своите родители во семејниот дом, а потоа си го одзема животот! Како што велат, тој никогаш не беше агресивна личност.

– Александар беше добар човек, културен и љубезен, посветен на своето семејство и секогаш тука да им помогне на сите. Неодамна се исели, а редовно ги посетуваше родителите, меѓутоа, последните неколку дена беше болен и не излегуваше, се повлече дома поради настинка, но разговаравме по телефон и сè изгледаше нормално. Вчера не можев да поверувам што се случи – изјави еден од пријателите на Александар за српски „Курир“.

Утрото соседите пријавија дека пронашле тело на млад човек на тротоарот од зградата. Набрзо се покажа дека станува збор за Александар и дека изврши самоубиство скокајќи од 7-ми кат. Сепак, лошите вести не завршија тука.

По влегувањето во станот на зградата пред која беше пронајдено неговото тело, полицијата ги пронајде телата на неговите родители и крвавиот нож со кој беа искасапени.

– Колку што знам, тој немаше проблеми, но никогаш не се знае што се случува во четирите ѕида на едно семејство. Барем никогаш не се жалеше, имал добра и стабилна работа и убава врска, дури и неодамна се сврши со девојката. Имаа големи планови, не можам ни да замислам како е за неа. Го изгасна целото семејство во еден миг – додава соговорникот.

Жителите на блиските згради раскажале дека слушнаа вресоци, по што завладеа тишина, која набрзо ја прекинаа сирените од полицијата и брза помош.

Мотивот за крвопролевањето е сè уште непознат, со оглед на тоа што претходно немаше пријави за насилство во ова семејство, а истрагата е сè уште во тек.