Кипар денес беше погоден од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на длабочина од осум километри, 91 километар источно-југоисточно од Никозија, во 15:37 часот по локално време.
Засега нема информации за предизвиканата штета.