Жена заборави 20 тарантули во воз во јужна Германија, што предизвика интервенција на полицијата откако машиновозачот го откри необичниот товар, пренесува dpa.
Машиновозачот пронајде пакет со натпис „пајаци и скорпии“ во регионален воз што се движеше кон универзитетскиот град Тибинген и веднаш ја извести полицијата.
Откако пакетот е предаден на Централната станица во Тибинген, полицајците пронајдоа печатена порака на кутијата со која се идентификува сопственикот и се потврдува почитувањето на прописите за заштита на видовите, изјави портпаролот на полицијата.
Кутијата содржеше 20 бразилски тарантули од видот Avicularia geroldi, кои беа спакувани во индивидуални контејнери.
Сите пајаци се во добра состојба.
Полицијата ја контактираше сопственичката, која ги зема животните истиот ден.
