Во популарното шпанско одморалиште во покраината Албасете, околу 200 километри југоисточно од Мадрид, е забележан необичен инцидент.
Туристите биле вознемирени од информацијата дека е забележан крокодил на слобода, па властите веднаш реагирале.
Влекачот го забележале двајца тинејџери, по што на местото на настанот биле испратени членови на Цивилната гарда, објавува The Sun.
На почетокот се сметало дека станува збор за алигатор, но подоцна било утврдено дека на слобода е крокодил од семејството Кајман Јакаре. Тој бил фатен во заедничка акција на Цивилната гарда, локалните екологисти, рибари и експерти за заштита на дивите животни.
Потоа влекачот бил транспортиран во зоолошката градина во Мадрид.
Во исто време, започна истрага за да се утврди кој – и под кои околности – го пуштил егзотичното животно во урбаната средина.
Според важечките закони, поседувањето и пуштањето егзотични видови без дозвола е сериозен прекршок и потенцијален еколошки криминал.
Надлежните служби предупредуваат дека ваквите (неодговорни) дејствија претставуваат сериозен ризик за биодиверзитетот и јавната безбедност.
Кајманот јакаре е заштитен вид, опфатен со меѓународна конвенција, а истражителите се сомневаат дека пристигнал во Шпанија преку нелегална трговија со егзотични домашни миленици.
Иако главно се храни со риби и мекотели, во екстремни случаи може да нападне и други помали животни.