Викторија Бекам – жртва на врсничко насилство: Фрлаа лименки по мене

Од:

Викторија Бекам изненади многу свои обожаватели. Имено, како гостин во подкастот „Call Her Daddy“, кој го води Алекс Купер, таа зборуваше за емоционално и физичко злоставување кога сè уште беше тинејџерка.

Таа призна дека пред да стане позната, била цел на исмејување бидејќи сите нејзини врсници ја доживувале како „различна“.

– Се сеќавам како стоев на игралиштето. Буквално сама. Другите деца само собираа лименки и ги фрлаа по мене – почна Викторија.

– Во училиште бев физички и психички злоупотребувана, а за менталното здравје тогаш не се дискутираше како денес, па затоа сè потиснував. Затоа станував сè посрамежлива – додаде Бекам.

Таа исто така истакна дека во тинејџерските години никогаш не била посакувана во општеството, бидејќи сите деца обично се дружеле и пушеле по училиште, таа одела на часови по танцување или глума. Не пропушти да нагласи дека таквото однесување често доаѓало од возрасни кои, наместо да бидат пример, се однесувале слично. Како што нагласила, изворот на нејзината најголема несигурност бил нејзиниот сопствен изглед.

– Кога си помлад, хормоните ти работат диво. Телото ти се менува – рече Викторија, додавајќи дека околината, покрај тоа, ја сметала за глупава поради нејзините малку пониски оценки.

– Покрај тоа, како тинејџерка ми беше дијагностицирана полицистични јајници. Ми беше кажано дека можеби ќе имам потешкотии да забременам. Кога си тинејџерка, тешко е да се прифатат такви работи – призна Бекам.

Нејзините родители беа најголемата поддршка во тој период, но таа сепак не сакаше да зборува за злоупотребата, иако воопшто не се чувствуваше удобно.

– Не кажав на никого. Целиот мој школски живот беше ужасен – нагласи Викторија.