(ВИДЕО) Расел Кроу беснееше пред фановите пред хотел во Париз: Ме допре ли некој – си одам!

Од:

Оскаровецот Расел Кроу (62) престојува во Париз со својата девојка Бритни Териот. Двајцата беа забележани пред неколку дена на трибините на Ролан Гарос, а потоа избувна инцидент пред хотелот каде што престојуваат, што брзо стана тема на социјалните мрежи.

Расел Кроу излезе од хотелот во Париз, по што им се обрати на фановите кои го чекаа за да добијат автограм.

Тој им даде строго предупредување:

„Ме слушате ли?“, рече тој, кревајќи ги рацете, а потоа продолжи: „Останете таму каде што сте. Не ме туркајте до бесвест. Дајте им простор на сите. Штом некој почне да биде груб, си одам. Ме разбирате ли?“

Откако им стави до знаење на фановите кое однесување е прифатливо, Расел Кроу почна да дава автограми.

Видеото предизвика поделени реакции на социјалните мрежи. Додека некои го поддржуваат Расел и веруваат дека фановите честопати можат да бидат премногу наметливи, други веруваат дека актерот реагирал премногу грубо.