Николас Кејџ секогаш го привлекува вниманието на јавноста, но овој пат поради драматичните ситуации кои ги доживеа за време на подготовките за новиот психолошки трилер The Surfer.
Имено, во интервју за Entertainment Weekly, актерот откри дека за малку ќе го загубел животот за време на часовите по сурфање кои ги посетувал за потребите на снимањето.
Во филмот, кој моментно се прикажува во кината ширум САД, Кејџ игра бизнисмен кој се враќа во Австралија за да си го купи домот од детството бидејќи сака да сурфа со својот син. Но, неговата носталгија наидува на неочекувана пречка – група насилници му го блокираат пристапот до плажата и неговата потрага по спокојство ја претвораат во кошмар.
Станува збор за мрачна и напната приказна за губењето на контролата, идентитетот и разумот, а подготовките за улогата се покажаа подеднакво интензивни и за самиот актер.
Зборувајќи за предизвиците кои ги доживеал додека учел да сурфа, Кејџ признал дека искуството сериозно го исплашило.
„Имавме проблеми со временските услови, па дури и пријавивме забележани ајкули“, рекол актерот, додавајќи дека во еден момент бил фатен во опасна морска струја, пишува Variety.
„Се превртев во водата, можеше да се види само горниот дел од мојата даска како излегува од водата. Во сурфањето тоа го нарекуваат „надгробна плоча“ – вели тој.