Некои песни едноставно не стареат. Напротив – со секоја нова генерација добиваат нов живот, нова емоција и нова интерпретација. Токму затоа безвременските хитови на Тоше Проески и денес инспирираат нови музички изведби.
Еден од нив, „Лошо ти стои“, доби ново музичко читање во изведба на Алекса Петрески (1997), кој со почит кон оригиналот, но и со сопствен музички печат, ја донесува оваа песна пред публиката на свој начин.
Во реализацијата на оваа преработка учествуваат Дејан Трајкоски на пијано и Илија Јанчулески на кларинет, чии инструментални делници внесуваат дополнителна топлина и емоција во целокупната изведба.
Дали оваа верзија ќе ви ги разбуди истите чувства како оригиналот?
Најдобро е да ја слушнете и сами да донесете свој заклучок.
