Според „Златен сооднос“, Ема Стоун е најубавата жена во светот

Од:

Ема Стоун е најубавата жена во светот, според ново истражување кое го користело грчкиот „Златен сооднос“ на убавината.

Откриено е дека добитничката на Оскар од филмовите „Сиромашни нешта“ и „Ла Ла Ленд“ има идеален профил на лицето од 94,72 проценти во споредба со „Златниот сооднос“, кој ја мери физичката совршеност.

„Ема Стоун беше јасен победник кога сите елементи на лицето беа мерени во однос на физичката совршеност“, објасни д-р Џулијан Де Силва, кој го раководи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон, пишува Дејли Меил.

Таа доби највисоки оценки за веѓите (94,2 проценти) и високи оценки во сите други категории.

„Таа има речиси совршена вилица со резултат од 97 проценти и убаво пропорционирани усни со 95,6 проценти“, објасни докторот.

Актерката од „Дина“ – Зендаја беше веднаш зад Стоун, со резултат од 94,37 проценти.

Фрида Пинто следи со вкупен резултат од 94,34 проценти.

За да разбере кои жени се најубави, д-р Де Силва користеше компјутеризирани техники за мапирање на лица базирани на златниот сооднос.

Списокот на убавици е следниот:

Ема Стоун

Зендаја

Фрида Пинто

Ванеса Кирби

Џена Ортега

Оливија Родриго

Марго Роби

Ајшварија Раи Бачан

Танг Веи

Бијонсе

„Овие сосема нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што го прави некого физички убав, а технологијата е корисна при планирање на операции на пациенти“, објасни тој.

„Златниот сооднос“ е математичка равенка осмислена од Грците во обид да се измери убавината. Може да се примени на речиси сè, а дури ја користел и Леонардо да Винчи.