Приказната за Дарен Меконачи (30) од Глазгов изгледа како да е од рубриката – верувале или не.
Се започна кога почувствува постојана и мачна болка во увото. Верувајќи дека станува збор за едноставна инфекција, лекарот му препиша антибиотици и го испрати дома. Но, состојбата не се промени – болката продолжи, а слухот и понатаму му беше оштетен.
‘I feared I was going deaf – kids’ toy had been stuck in my ear for 20 years’https://t.co/ufgcCjjqJj pic.twitter.com/LWkDtVu9OT
— MirrorHealth (@MirrorHealth) April 17, 2025
Една ноќ го разбуди силна болка и притисок во главата. Во тој момент почувствува дека нешто му се движи во увото.
„Беше како нешто да пукна. Бев во паника, а потоа видов мало парче пластика на креветот. Ја зедов ламбата и бев шокиран!“ рече Дарен.
На неговата перница лежеше мала, розова LEGO коцка. Во истиот момент болката исчезна, а слухот речиси целосно му се врати.
„Немам поим како заврши таму. Не сум играл со ЛЕГО од својата десетта година“, вели Дарен.
И покрај шокот, оваа бизарна ситуација му донесе олеснување. Докторот, на кој му го покажа „наодот“, беше изненаден. По прегледот откри дека увото е целосно чисто.
Дарен признава дека неговите проблеми со слухот започнаа уште во неговите дваесетти години. Сепак, никогаш не помисли дека причината може да биде детска играчка која со години му била заглавена во увото.
„Седеше во тишина, целосно збунет. Не можеше да поверува“, вели тој за реакцијата на докторот.