Преживеаните од нападот на концертот на Аријана Гранде добија отштета од по 45.000 фунти

Од:

Двајца преживеани од нападот што се случи во 2017 година на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, денеска добија отштета – од по 45.000 фунти (58.212 долари).

Мартин Хилберт, кој остана парализиран во долниот дел од телото и неговата ќерка Ева, која во моментот на нападот имаше 14 години и се здоби со катастрофална повреда на мозокот, добија отштета, пренесува Ројтерс.

Тие ја добија отштетата откако го тужеа новинарот Ричард Хол за малтретирање и заштита на податоците во првиот таков случај покренат против теоретичар на заговор во Велика Британија.

Хол објави книга и видеа од бомбашкиот напад во Манчестер Арена и ги сними Ева Хилберт и нејзината мајка надвор од куќата.

Во бомбашкиот напад на арената Манчестер загинаа 22 лица, а неколкумина беа повредени.

Би можело да ве интересира

Блогерка постојано ги збунува обожавателите на Аријана Гранде

Ана Ололовска

Аријана Гранде обвинета за плагијаторство

Ана Ололовска

Аријана Гранде страда од посттрауматско стресно нарушување

Наум Локоски

Аријана Гранде ги посети повредените фанови во болница во Манчестер

Наум Локоски

Аријана Гранде ќе одржи добротворен концерт во Манчестер в недела

Наум Локоски