По 10 дена Весна Змијанац пуштена од болница – и вградија три стента

Од:

Пејачката Весна Змијанац се опоравува, а денеска е отпуштена од болница.

„Драги мои, само сакам да ви кажам дека сум добро. Треба да се одморам, си го поставувам темпото како кога бев млада. Утрешниот настап во Добој е одложен за друг датум, наскоро ќе ве известам кога. Вашата Весна ве сака“, напиша таа пред неколку дена.

Интервенцијата е извршена поради итноста на нејзината состојба.

„Поради состојбата во која се наоѓаше Весни Змијанац денес, лекарите мораа да извршат интервенција. Во таа прилика ѝ беа вградени три стента“, изјави изворот за медиумите, додавајќи дека пејачката имала сериозно стеснување на крвните садови, односно блокада на еден од најважните крвни садови на срцето, главното стебло на левата коронарна артерија.