Актерот Орландо Блум наводно тајно се гледа со моделот Луиза Ламел, само неколку месеци откако раскина со пејачката Кети Пери.
49-годишниот актер и 41-годишната американска поп-ѕвезда се разделија минатата година по деветгодишна врска, а заедно ја имаат ќерката Дејзи.
Се чини дека Орландо пронајде нова љубов по раскинувањето. Минатата недела, актерот и 28-годишната швајцарска убавица наводно уживаа во краток одмор во Швајцарија, во придружба на неговото куче. За време на патувањето, британската ѕвезда наводно се сретна и со некои од пријателите и членовите на семејството на Луиза.
Двојката престојувала во луксузен апартман во хотелот Долдер Гранд во Цирих, каде што цените за ноќевање достигнуваат до 15.000 евра, додека Орландо присуствувал на промотивен настан за Порше, пишува Дејли Меил.
„Орландо и Луиза тајно се гледаат веќе неколку месеци“, изјавил извор за The Sun.
„Тие станаа вистинско мало семејство, а Орландо дури го донесе и своето пудличе, Биги Смолс, на патувањето“ вели изворот кој додал дека двојката одржува врска на далечина.
„Тој живее во Лос Анџелес, а таа живее во Њујорк, па затоа не се гледаат цело време, но се во постојан контакт и постои вистинска искра меѓу нив“ вели тој.
Двојката првпат е поврзана минатиот месец, кога беа забележани како се држат за раце додека го напуштаа Супербоулот во Санта Клара, Калифорнија.
