На 43 години почина сопственикот на OnlyFans

Од:

Милијардерот и сопственик на веб-страницата за возрасни OnlyFans – Лео Радвински, почина на 43-годишна возраст од рак.

Портпаролот на страницата изјави во соопштение за медиумите дека компанијата е „многу тажна“ поради неговата смрт.

„Лео почина мирно по долга борба со ракот. Неговото семејство побара приватност во ова тешко време“, рече портпаролот, цитиран од Дејли Меил.

Украинско-американскиот бизнисмен имаше нето вредност проценета на 7,8 милијарди долари, главно благодарение на мнозинскиот удел на неговата компанија Fenix ​​​​International Limited во OnlyFans.

Тој беше директор и мнозински акционер на компанијата, а беше и добро познат филантроп и инвеститор.

Радвински го презеде OnlyFans во 2018 година од семејството Стокли во Обединетото Кралство, а страницата брзо се прошири под негово водство.