Мјузиклот „Емилија Перез“ освои седум награди Цезар

Од:

Мјузиклот „Емилија Перез“ на Жак Аудиар освои седум награди, меѓу кои и за најдобар филм и режисер, на синоќешното 50-тото доделување на наградите Цезар во Париз.

„Емилија Перез“ освои и награди за најдобро адаптирано сценарио, звук, оригинална музика, специјални ефекти и кинематографија. Мјузиклот на шпански јазик, за промена на полот на мексикански трговец со дрога, имаше 12 номинации.

За најдобар актер е прогласен Карим Леклу (Le Roman de Jim), а наградата за најдобра актерка ја доби Хафсија Херси (Borgo).

Овогодинешните почесни Цезари им беа доделени на американската актерка Џулија Робертс и француско-грчкиот режисер Коста Гаврас.

Покрај Катрин Денев, која е претседателка на церемонијата, наградите ги доделија и актерката Емануел Беар и режисерката Жастин Трир, минатогодишната добитничка на наградата Цезар за филмот „Анатомија на еден пад“.

Церемонијата се одржа во познатата сала Олимпија во Париз, при што Денев ја посвети на Украина.

Цезар е француска национална филмска награда, основана во 1975 година и важи и француски Оскар. Номинациите ги одредува Француската академија за кинематографија, а во конкуренција се филмовите прикажани во текот на претходната година.

Наградата го носи името на скулпторот Чезаре Балдакини (1921-1998).

Би можело да ве интересира

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

„Дијана“ повторно на Бродвеј оваа зима

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Убавицата и Ѕверот“ утре премиерно ќе се одигра на школка во Градски парк

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ предновогодишно во Филхармонија

Ана Ололовска

Премиера на првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Ана Ололовска

Музиката и танцот со сите проблеми и предизвици во првиот македонски мјузикл „Црно и бело“

Ана Ололовска