Мајкл Даглас за своите мемоари: Најдобро е сопругата да не ги чита!

Од:

Во неодамна објавените мемоари, Мајкл Даглас откри детали од својот љубовен живот, вклучително и долготрајна тајна врска со актерката Кетлин Тарнер.

Актерот Мајкл Даглас навистина не сака неговата сопруга Кетрин Зита-Џонс да ги чита неговите неодамна објавени мемоари.

За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“, водителот го спомена интервјуто што Зита-Џонс го дала истиот ден за емисијата „Тудеј“ при што актерката изјави дека „нема намера да ја чита“ книгата за нејзиниот сопруг.

„Се прашував дали сметате дека тоа е можеби најдобро“, праша Кимел.

Актерот одговори: „О, да“, што предизвика смеа кај публиката.

„Видете, меѓу нас има разлика од 25 години. Во книгата се отворив и открив дека имав афера со Кетлин Тарнер додека го снимавме филмот ’Лов на зелениот дијамант‘. Кетрин тогаш имаше седум години и не можеше ни да знае дека по 25 години ќе се омажи за мене“, прокоментира актерот.

Потоа додаде:

„Мислам дека таа мораше да го прифати фактот дека, кога постои толкава разлика во годините, можно е веќе да сте проживеале цел еден живот пред воопшто да ја запознаете личноста со која ќе бидете“, додаде тој.

Кимел се пошегува дека Зета-Џонс верува оти Даглас „бил девица“ пред да стапат во брак, на што Даглас одговори потврдно.

Даглас и Зета-Џонс се во брак од 2000 година и имаат две деца.

Неговите неодамна објавени мемоари, насловени „One Helluva Ride“, откриваат многу романтични авантури низ кои актерот поминал низ годините.

Голем дел од нив се случиле за време на неговиот прв брак со Дијандра Лејкер, со која беше во брак од 1977 до 2000 година.

Даглас потврди дека, пред да ги напише мемоарите, побарал дозвола од неколку жени за да пишува за нивните љубовни врски од минатото.

На прашањето дали некоја од жените му забранила да пишува за нивната врска, добитникот на Оскар одговори:

„Тоа никогаш нема да го дознаам“

Некогашната љубовна врска на Даглас со Кетлин Тарнер сè уште го привлекува вниманието на јавноста, особено затоа што двајцата ја чувале таа врска во тајност цели 40 години.