Харисон Форд нема намера да се пензионира

Од:

Актерот Харисон Форд, холивудската икона која е ѕвезда од 1960-тите, сè уште не планира пензија, иако е на 83-годишна возраст.

Неговите незаборавни улоги како Индијана Џонс и Хан Соло оставија длабока трага во филмската индустрија, а Форд продолжува да ги воодушевува обожавателите со нови проекти.

И покрај неговата возраст, актерот сè уште е желен за предизвик, велејќи дека не се откажува и продолжува да бара возбудливи улоги кои ќе му овозможат да го покаже својот талент.

Моментно е во Лос Анџелес каде ја промовираше втората сезона од хит серијата „1923“, а покрај тоа ги сними и серијата „Shrinking“ и филмот „Captain America: Brave New World“.

Форд, се чини, нема намера да запре.

На последната премиера тој призна дека има напорен распоред и додаде „дека секаде има малку премногу“.

Од 2010 година Форд е во брак со актерката Калиста Флокхарт, позната по серијата „Ali McBeal“, а парот живее далеку од Холивуд, на ранч во Вајоминг, кој актерот го купил во раните осумдесетти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Харисон Форд доби наградата за животно дело, па се пошегува: Малку е рано, нели?

А1он