Баба Ванѓа му погоди се, освен на колку години ќе почине

Од:

Основачот и директор на Гранд продукција – Саша Поповиќ почина денеска по кратка битка со опасна болест, на 70-годишна возраст.

Поповиќ во една прилика раскажа што му пророкувала баба Ванѓа, познатата бугарска пророчица.

Поповиќ тропнал на вратата на познатата пророчица заедно со Лепа Брена.

– Имавме турнеја во Бугарија, па ги замоливме луѓето од Министерството за култура кои ја организираа, да ја посетиме Баба Ванѓа. Вечерта пред да ја сретнеме кај мене и кај Брена, дојде една жена и ни донесе по две коцки шеќер. Таа рече да ги завиткаме во салфетка и да ги ставиме под перницата во текот на ноќта, а наутро да и ги дадеме на пророчицата. Тоа е она што го направивме. Ванѓа ги зеде двете коцки шеќер, молчеше една минута и потоа ми рече: Не се повторувам двапати, па слушај. Погоди дека имам 37 години, дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа и дека мајка ми повеќе не пали свеќа за слава – вели Поповиќ и додава дека дури го „видела“ распадот на групата „Слатки грех“:

– Таа кажа работи за кои Брена и јас мислевме дека нема шанси да се случат, а тоа е дека „Слатки грех“ ќе се распадне! Таа ми рече дека во 1997 или 1998 година ќе станам одличен режисер и ќе ја имам целата естрада под моите нозе. Ме интересираше и колку ќе живеам. „Ќе умреш на 86 години, нема да те убијат, ниту ќе те повредат од какво било оружје. Ќе заспиеш и нема да се разбудиш“, јасно се сеќавам на нејзините зборови. После таа посета бев збунет, но сега гледам дека се се случи како што рече таа. „Слатки грех“ се распадна во 1991 година поради војната, со Сузана почнав да излегувам во 1996 година, а се венчавме во 1998 година. После тоа го отворивме „Гранд“, јас станав режисер и сега ја чекам таа 86-та година – изјави тогаш Саша Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Лепа Брена по смртта на Саша Поповиќ: Ова е голема загуба за сите нас

А1он

Почина Саша Поповиќ – директорот на Гранд продукција

А1он