Автопортретот на Фрида Кало на аукција продаден за над 54 милиони долари

Од:

Една од најпознатите мексикански сликарки, Фрида Кало, постави нов рекорд на аукција кога нејзината надреалистичка слика беше продадена за 54,7 милиони долари (41,8 милиони фунти). Ова е највисоката цена некогаш платена за дело од жена уметник на аукција.

Сликата, создадена во 1940-тите и насловена како „El sueño (la cama)“ ја прикажува Кало како спие во кревет со четири столба под скелет покриен со експлозив.

Делото влезе во историјата на аукцијата кога достигна цена повеќе од 1.000 пати поголема од првичната проценка во 1980 година, кога беше продадено за само 51.000 долари, според „Сотбис“.

„Сотбис“ го опишува делото како едно од „најпсихолошки наелектризираните“ дела на Кале. Сликата е насликана во еден турбулентен период од нејзиниот живот – истата година кога нејзиниот поранешен љубовник беше убиен, а кратко време по нејзиниот развод и повторно стапување во брак.

Фрида Кало, која почина во 1954 година, се смета за една од најголемите сликарки на 20 век и стана позната по своите лични автопортрети. Нејзините дела честопати ја одразуваа болката и траумата што ги претрпела – од последиците од полиомиелитис до тешки повреди во автобус.

Претходниот рекорд за најскапо дело од уметница го држеше Џорџија О’Киф со нејзината слика „Џимсон Вид / Бел цвет #1“, која беше продадена во 2014 година за 44 милиони долари.