Австралиецот Брајан Бери го прослави својот 102-ри роденден на 6 февруари и сподели неколку совети.
Брајан, кој е наречен „супер старец“ поради неговата виталност и бистрина на умот беше гостин во емисијата „Sunrise“ на неговиот роденден. Таму рече дека тајната на својата долговечност ја гледа во едноставните одлуки – „Не пијам и не пушам“.
„Како момче, никогаш не помислив дека ќе живеам до 102 години“, призна тој.
Тој се осврна и на промените во општеството, велејќи дека „животот целосно се променил“ и дека ова е „различен свет“ денес. Кога го прашаа што мисли за денешниот живот, рече дека е „изненаден“.
„Децата немаат почит“, додаде тој.
„Татко ми ме влечеше за уво ако не ја отворав вратата за мајка ми или ако не станев на постара дама во трамвајот. Знаете, манирите се земаа здраво за готово. Тоа не учеа дома, но денес е различно“ – вели тој.
Истражувачите на деменција истакнуваат дека начинот на живот на Брајан е одличен пример за здраво стареење и зачувување на мозокот во староста. Тие велат дека движењето, социјалниот живот, избегнувањето цигари и прекумерен алкохол и чувството дека има цел и помагањето на другите се во негова корист – сето ова, веруваат тие, му помага да остане бистар.
Истражувачите од CHeBA (Центар за здраво стареење на мозокот) исто така додаваат дека позитивниот став многу му значел. Кога го прашале што му поминува низ главата првото нешто наутро, Брајан го открил својот мал ритуал.
„Секое утро кога ќе се разбудам, си велам: „Брајан, тука си уште еден ден. Фала му на Бога“, заклучи тој.
