Астронаути се вратија на Земјата по пет месеци во орбитата

Од:

Четири астронаути денес се вратија на Земјата откако беа итно префрлени на Меѓународната вселенска станица (ISS) пред пет месеци за да ги заменат тест пилотите на Старлајнер“ на Боинг“ кои беа заробени во орбитата.

Четири астронаути се вратија на Земјата во капсула на СпејсИкс“ што слета во Тихиот Океан покрај брегот на Јужна Калифорнија, објави АП.

Астронаутите Ен Меклејн и Никол Ајерс од НАСА, Такуја Ониши од Јапонија и Кирил Песков од Русија се вратија на Земјата.

Тие беа испратени во март како замена за двајцата астронаути на НАСА, Бери Вилмор и Суни Вилијамс, кои поминаа повеќе од девет месеци во орбитата наместо планираните две недели.

НАСА нареди новата капсула на екипажот на Боинг да се врати празна и ги префрли двајцата во SpaceX.

Тие заминаа кратко откако Меклејн и нејзиниот екипаж пристигнаа за да ги заземат своите места.

SpaceX на Елон Маск ги премести своите враќања на вселенските капсули од Флорида во Пацификот, покрај брегот на Калифорнија, за да го намали ризикот од паѓање на остатоци врз населени области.

Последниот пат кога астронаутите на НАСА од вселената слетаа во Пацификот беше на крајот од американско-руската мисија Аполо-Сојуз во 1975 година, потсетува АП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он