Актерката Мира Бањац наполни 96 години

Од:

Една од омилените југословенски актерки – Мира Бањац, денеска полни 96 години.

Српските медиуми информираат дека нејзиниот роденден поминува во тишина, бидејќи познатата уметница доживеа загуба – пред неколку месеци почина нејзиниот син.

Во текот на нејзината децениска кариера, Мира беше и останува пример за животна мудрост, скромност и внатрешна сила.

Во неколку наврати, таа зборува за тоа како стигнала до толку длабока старост благодарение на умереноста, работата и вниманието кон сопственото здравје.

„Едноставно се организирав добро. Го искористив времето да средам некои работи дома што не ги правев со години (документи, библиотека…). Ги распоредив моите сили, се помирив со фактот дека мораше да биде така, и не ми беше тешко. Јас сум вреден човек. Никогаш не се опуштам целосно, постојано работам нешто и мислам дека работата е спасение. Тука е мојата најголема сила. И на друг начин, а особено сега, читам многу затоа што морам да си ја спасам главата. Мораме да си ја спасуваме главата затоа што таа „телефонира“ со целото тело“ вели Бањац.

Смета дека „Кога си млад, треба да штедиш за старост, не треба брзо да ги трошиш. Кога ќе стигнеш до таа возраст, јасно можеш да го видиш тоа. Човек мора да се помири со асвојата возраст за да знае што припаѓа на таа возраст, а што не. Не сум горда на секоја брчка, но тие ми функционираат“.

„Човек мора да се следи себеси, да чувствува, да зема предвид што да јаде ако му се послаби бубрезите или црниот дроб и што да избегнува. Клучот е умереноста и секогаш сум се придржувала до тоа. Многу зависи од нас, од самиот човек. Времињата се тешки, луѓето се оптоварени со обврски и би било добро кога би можеле некако да ја вратиме насмевката и позитивната енергија и да кажеме: Јас сум жива, се смешкам, а тоа е доказ дека знам како да уживам во животот, без разлика какви тешкотии има“ вели актерката.