Уапсен е кавадарчанец – возеше пијан и туркаше полицаец да не му пише казна

Од:

МВР информира дека синоќа во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци.

При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.74 промили алкохол во крвта.

Исто така, тој му ја туркал раката на полициски службеник, со цел да го спречи да преземе службени дејства.

Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и член 382 од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило“ и спречување службено лице во вршење службено дејствие“.