Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Од:

Почина еден од најкреативните политички аналитичари во земјава, Агим Јонуз (63). Toj беше колумнист и јавен интелектуалец.

Замина по кратко и тешко боледување.

Во минатото ја извршувал и функцијата портпарол на Владата, а важеше и за познат општествен коментатор.

Јонуз беше препознатлив по своите ставови за соживот, дијалог и меѓуетничка толеранција, како и по својот специфичен стил и градски манири.

Беше активен учесник во политичкиот живот – поранешен советник на претседателот на Собранието, Љубчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски.

Чест гостин во дебатните емисии. Не бегаше од непријатни теми.

Јонуз за многумина беше мост меѓу генерациите.

Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.