На 78-годишна возраст почина Мојсо Мојсовски, новинар и уредник кој најголемиот дел од работниот век го помина во Македонското радио.
Роден е на 8 септември 1948 година во Скопје. Беше уредник на дескот и ангажманот како уредник и водител на Пладневниот радиовесник, една од познатите информативни емисии во радиото.
Колегите ќе го паметат како искусен ментор, кој на помладите генерации им ги пренесуваше професионалните вредности, одговорноста и посветеноста на новинарската работа.
На Скопје му посвети неколку изданија на својата книга, во кои преку спомени и лични записи ги зачувуваше приказните за неговите улици, некогашниот изглед и градскиот дух.
