Пензионерка остана без 2.700 евра – ја измамија дека ќерка и прегази четиригодишно дете

Од:

МВР информира дека вчера во СВР Скопје Д.Г.(88) од Велес пријавила дека на 27. овој месец околу 10 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра.

Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што и го сторила.

Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци, а потоа со автобус се вратила во Велес.

Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он