Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.К.(64) од с. Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 30.04.2025, при контрола на мерни броила во с. Велешта, вработен во ЕВН Македонија констатирал пријавениот на мерното броило извршил премостување на мерната опрема, при што преземал во целост нерегистрирана електрична енергија директно од мрежа.
Со ваквите дејствија, нанесена е штета на ЕВН Македонија во износ од 239.013 денари.