Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари.
Активни се пожарите во Општина Долнени с. Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума).
Како што информира ЦУК изгаснати се 24 пожари:
-Општина Шуто Оризари: с. Визбегово (ѓубре); Општина Ѓорче Петров: с. Никиштани (сува трева); Општина Бутел: с. Љуботен (сува трева); Општина Сарај: с. Арнакија (сува трева); Општина Гази Баба: с. Стајковци (фолија и насад); Општина Студеничани Марков Рид (сува трева); Општина Студеничани с. Драчевица (мешана шума и сува трева); Општина Прилеп с. Мажучиште (сува трева); Општина Прилеп Градски гробишта (сува трева); Општина Крушево: с. Пресил (сува трева); Општина Радовиш: Радовиш (сува трева); Општина Василево: с. Василево (сува трева, трска и депонија); Општина Босилово: с. Моноспитово (сува трева и бандера); Општина Струга: с. Долна Белица (депонија); Општина Велес с. Мамутчево (сува трева); Општина Велес с. Клуковец – с. Баница (сува трева); Општина Зрновци: с. Зрновци (дива депонија); Општина Чешиново-Облешево: с. Теранци – с. Видовиште (стрниште, прнар и сува трева); Општина Куманово: кај Железничка станица (сува трева); Oпштина Липково: с. Опае – с. Ваксинце (сува трева и стрниште); Општина Тетово кај пругата во Тетово (ѓубриште); Општина Тетово на влез во Тетово (отпад); Општина Желино с. Палатица (сува трева); Општина Желино пат с. Желино – с. Сиричино (дива депонија).