ЦУК: Активни се пожарите кај Никуштак и селата Варвара и Драчевица

Од:

До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се два пожари, и исто толку се под контрола, а изгаснати се 27 пожари.

Активни се пожарите кај с. Никуштак Липковско, каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, и во селата Варвара и Драчевица во Општина Студеничани каде е опожарена мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Општина Берово во Дрџински рид, м.в. Стојковото, с. Русиново каде е зафатена дабова и букова шума и папрат и во Вардариште во Општина Гази Баба каде гори ѓубриште.

Изгаснати се 21 пожар во повеќе општини во државата каде горела главно ниска вегетација, во Општина Ресен на место викано Порој биле зафатени и јаболкови насади, во Општина Липково во селата Оризаре и Слупчане била опожарена и мешана шума и ниска вегетација, а во Општина Старо Нагоричане с. Младо Нагоричане, маало Бузанци била зафатена од пожар кровна конструкција од плевна, наведуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари

А1он

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

А1он

Активни три пожари во Македонија

А1он

Словенија и Франција ѝ нудат на Македонија 100 пожарникари за помош во гаснењето пожари

А1он

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

А1он

ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

А1он