Амбасадорот Кучи го бараат во врска со трагедијата во Кочани: Се враќам со првиот лет, верувам во правдата

Од:

Македонскиот амбасадор во Норвешка – Дритон Кучи, кој е поранешен министер за економија се огласи на социјалните мрежи по информациите дека е еден од осомничените за трагедијата во Кочани и дека во текот на денот се приведени десетина поранешни министри и директори.

„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, напиша Кучи на ФБ.