Активни три пожари во Македонија

Од:

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари.

Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати.

Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон границата со Грција.

Третиот активен пожар е меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција најави дека во гаснењето на пожарот на планината Готен ќе биде ангажиран и чешки хеликоптер и пожарникари од Словенија, а помош понудиле и Австрија и Франција.

Би можело да ве интересира

Словенија и Франција ѝ нудат на Македонија 100 пожарникари за помош во гаснењето пожари

А1он

ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

А1он

ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

А1он

ЦУК: Пет активни пожари на отворен простор

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари

А1он