Европските акции се во минус поради новите тензии на Блискиот Исток

Од:

Акциите на европските берзи го завршија денешното тргување во минус по новите тензии на Блискиот Исток, додека порастот на цените на нафтата дополнително ја зголеми претпазливоста на финансиските пазари.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 падна за 0,76 проценти, германскиот DAX за 0,40 проценти, францускиот CAC за 0,45 проценти, лондонскиот FTSE 100 за 0,68 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,52 проценти и шпанскиот IBEX 30 за 0,97 проценти, објави CNBC.

Негативното расположение на пазарите следеше по извештаите за нови тензии меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, како и по продолжувањето на воените активности на Израел во Либан, што ги поттикна стравувањата од ширење на нестабилност во регионот.