Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола приреди промоција на необјавени дела од македонскиот драмски писател, есеист и книжевен критичар, Васил Иљоски.
Станува збор за книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која ја содржи необјавената драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.
-Негувањето на литературното наследство има посебен акцент врз делата што дури сега ја добиваат својата вистинска светлина. Вистинската литература е безвременска, таа не допира денес, а ќе не допира и утре, посочи м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.
Тој при тоа јавно се заблагодари на рецензентите Билјана Котевска Димко и Никола В. Ристевски за нивниот придонес во културниот настан.
Пред гостите од градот и државата во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се обрати внукот на Иљоски, професорот Јован Налбанти, кој пренесе дел од човечноста, достоинството и духовната големина со кои се одликувал писателот Васил Иљоски.
