„Велешко лето 2025“ во полн ек со богата и разновидна програма

Од:

Велешко лето 2025“ продолжува утревечер со стенд ап настапот на пионерот во стенд ап комедијата Пеџа Бајовиќ.

Неговиот Најбољи сат и кусур“ закажана во 21:00 часот во амфитеатарот во Младински парк, информираат денеска од Општина Велес.

Инаку, изминатиот викенд познатата Велешката чалгија со настап на Којник го развесели едно од најстарите велешки маала. Таму се собра публика од повеќе генерации кои уживаат во познатите македонските и староградски велешки песни со традиционалните инструменти на Велешката чалгија.

Во неа по скоро години повторно има и музичар на канун – стар жичан инструмент, кој произведува прекрасни звуци.

За љубителите на џез музиката Иван Иванов со својот квартет, одржа целовечерен концерт на платото на Спомен костурницата од НОВ.

Од Општина Велес ги повикуваат граѓаните од сите возрасти да ги проследат сите претстојни настани од богатата програма на Велешко лето 2025“ на отворено која е бесплатна, а која се одржува на повеќе јавни локации и паркови во градот.