Награда за животно дело за актерката Соња Михајлова

Од:

Управниот одбор за доделување на највисокото признание на Општина Битола, награда за животно дело „4 Ноември“, годинава ја додели на актерката Соња Михајлова, а чинот на свечено врачување ќе се изврши на традиционална свечена академија што ќе се одржи денот на празникот на градот.

Во богатата актерска кариера, Михајлова имала над 150 театарски улоги, а најновата ја има игра во филмот „Сестра, брат и шахта“, на Милчо Манчевски чија премиера е закажана за 30 октомври на Филмскиот фестивал во Токио.

Управниот одбор за доделување на признанието „4 Ноември“ одлучи наградата за едногодишни достигнувања, да ја додели на истакнатиот спортист и тренер и долгогодишен учесник на младински работни акции Кире Марков, потоа на професорот од Правниот факултет Ѓоран Илиќ и на д-р Маргарита Камбовска, педијатар и неонатолог од Битола.

Во пресрет на 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, локалната самоуправа ќе организира бројни настани за што се подготвува посебна празнична програма.