Изведба на „Набуко“ на „Мајски оперски вечери“

Од:

Во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, на сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена моќната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, со почеток во 20 часот.

Изведбата ќе се реализира под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата е на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се дело на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), додека кореографијата е под водство на Маја Митровска-Богојевска.

Главните улоги во оваа изведба ги носат Луис Кансино (Набуко, Шпанија), Ханјинг Цо (Абигаиле, Кина), Николина Јаневска (Фенена), Уго Тарквини (Исмаил, Италија) и Џовани Пароди (Захарие, Италија). Покрај нив, настапуваат и Диме Петров, Ана Ројдева, Дејан Стоев, како и хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Операта „Набуко“, едно од најзначајните дела на Верди, својата премиерна изведба ја имала во 1842 година во Миланската Скала, и се смета за дело кое трајно ја воспоставило репутацијата на Верди како композитор. Посебно место во музичката историја има хорската арија „Va, pensiero, sull’ali dorate“ („Летај на златести крилја“) – музички и драматуршки столб на делото.

Би можело да ве интересира

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на фестивалот „Мајски оперски вечери“

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано во рамките на „Мајски оперски вечери“ на 18 мај

Ана Ололовска

Изведба на операта „Норма“ во рамките на 50. Мајски оперски вечери

Ана Ололовска