Во последното коло од шведската фудбалска лига, два клуба се бореа за титулата, а пред почетокот на колото имаа ист број бодови.
„Сириус“, клуб кој досега немаше освоено трофеј во елитниот ранг на шведскиот фудбал, беше лидер во текот на поголемиот дел од сезоната.
🚨🇸🇪 The moment IK Sirius won the Swedish league title for the FIRST time in their history. 🏆✅
Football is INCREDIBLE. 💙🥹 https://t.co/VWnrjXLKsR
— EuroFoot (@eurofootcom) November 29, 2026
Сепак, во последното коло влегоа од втората позиција поради послаба гол-разлика во однос на „Хамарби“ – тим кој чекаше на титулата уште од 2001 година.
Двата тима имаа тешка задача во последното коло, бидејќи ги очекуваа гостувања.
„Сириус“ гостуваше кај „Гетеборг“, додека „Хамарби“ патуваше во Вестерос.
По првото полувреме, навивачите на „Сириус“ можеа да бидат позадоволни: на нивниот натпревар против „Гетеборг“ резултатот беше 0:0, додека „Хамарби“ губеше со 1:0 на гостувањето кај „Вестерос“ по голот на Таонса Аксел во 21. минута.
Таквата состојба на семафорите остана непроменета сè до 87. минута, кога навивачите на „Сириус“ добија причина за уште поголемо славје.
Тогаш нивниот тим во Гетеборг поведе со 1:0, а херој на „Сириус“ стана 22-годишниот Унгарец, Залан Ванча.
SIRIUS 1-0 VILKET JÄVLA MÅL https://t.co/AFHCHeRgt2
— S🕊️🇸🇪 (@8bdrssss) November 29, 2026
Во тој момент, „Сириус“ веќе ја имаше титулата во „Алсвенскан“ во свои раце, бидејќи дури и да примеа гол, сепак ќе ја освоеја лигата.
Исто така, евентуален примен гол од страна на „Вестерос“ немаше да ја загрози титулата, бидејќи „Хамарби“ само ќе израмнеше, што не би било доволно за да го престигнат „Сириус“ на табелата.
Резултатите на двата клучни натпревари не се променија до самиот крај, што значеше дека „Сириус“ ја освои шведската лига со вкупно 64 бода.
Ова е прв трофеј во сениорска конкуренција во историјата на „Сириус“, клуб основан пред 119 години.
Така, втора година по ред во Шведска, титулата ја освојува клуб кој претходно немал забележителни успеси.
Минатата година шампион беше „Мјалби“, тим кој оваа сезона едвај успеа да опстане во лигата.
