(ВИДЕО) По 58 години, Палмеирас се одмазди во финалето на Копа Либертадорес

Од:

Фудбалерите на бразилски Палмеирас го освоија Копа Либертадорес, совладувајќи го аргентински Естудијантес со 1:0.

Бразилскиот претставник славеше на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео и со тоа по четврти пат стана шампион на Јужна Америка.

На истото место, истите ривали одиграа одлучувачки натпревар во финалето во 1968 година, кога победи аргентинскиот тим (2:0). Сега, одмаздата е остварена.

Натпреварот, пред околу 60.000 гледачи, го реши Парагваецот Рамон Соса, кој го постигна победничкиот гол во 52. минута.

Важноста на натпреварот очигледно влијаеше врз играчите, немаше многу шанси, но тоа не значи дека на теренот не „вриеше“.

Кариљо и Паласиос ги пропуштија најдобрите можности за израмнување.

Естудијантес долго ќе го памети овој пораз, а пресудата ја донесе поранешен играч на Химнасија – нивниот голем ривал.

Доминацијата на бразилските клубови, кои сега имаат осум титули по ред, продолжи. Тие имаат вкупно 26 титули, додека Аргентина остана на 25.

Со овој триумф, Палмеирас обезбеди учество на следниот Интерконтинентален куп, како и на Светското клупско првенство во 2029 година.