Моника Белучи неодамна го прослави својот 62-ри роденден, а нејзиниот младешки изглед сè уште привлекува големо внимание.
Италијанската актерка никогаш не криеше дека зад нејзината фигура не стојат строги диети или исцрпувачки тренинзи, а нејзиниот рецепт за добар изглед може многумина да ги изненади.
Верна на своите италијански корени, Моника не се откажува од тестенини, колачи, па дури ни од чаша вино.
„Јадете добро, пијте добро, водете добар интимен живот и смејте се многу“, го откри таа еднаш својот рецепт за младост.
„Сакам колачи и тестенини, чаша вино, а многу ретко и цигара“, призна таа за „Телеграф“ (The Telegraph).
Актерката јаде пет пати дневно – појадок, ручек и вечера, како и две ужини. Нејзината исхрана се заснова на медитерански намирници, па така на менито често се наоѓаат зеленчук, овошје, извори на протеини со малку масти, маслиново масло, јаткасти плодови и авокадо.
Таа посветува посебно внимание на големината на порциите, поради што повремено може да си дозволи омилени задоволства без да прави големи жртви.
Исто така, таа не поминува часови во теретана. Повремено вежба пилатес, а неколку пати неделно плива околу 45 минути.
„Секако, вежбам малку и внимавам на исхраната кога треба да работам, но не сум опседната со тоа. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш екстремно слаба. Таква ми е природата“, изјави таа.
Белучи отворено го прифаќа стареењето и смета дека жените не треба да го доживуваат како нешто негативно.
„Или ќе остарите и достоинствено ќе го прифатите тој процес, или ќе умрете. Кога ќе погледнам на тој начин, илјада пати повеќе би го избрала стареењето“, рече таа.
