(ВИДЕО) Турист ограбен во Фиренца – од рака му украдоа часовник вреден 20.000 евра

Од:

На неименуван британски турист му е украден луксузен часовник, вреден околу 20.000 евра, откако беше нападнат во центарот на Фиренца (Италија).

Несреќниот човек престојуваше во Италија со сопругата и ќерката кога беше нападнат од двајца криминалци, на возраст од 19 и 22 години.

Инцидентот се случи на плоштадот Република, а сè е снимено од безбедносна камера на еден ресторан.

На видеото се гледа како еден од криминалците поминува покрај семејството, преправајќи се дека продолжува по својот пат. Сепак, штом му се приближи на туристот, му ја фати раката и насилно му го зема часовникот од марката „Audemars Piguet“.

Според полицијата, неговиот соучесник впери бибер-спреј кон туристот и неговото семејство. Во настанатата мешаница, крадците побегнаа.

Сепак, снимката од безбедносната камера ѝ помогна на локалната полиција да ги идентификува и пронајде осомничените.

Станува збор за двајца Алжирци кои беа пронајдени во пансион, а потоа и уапсени, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата го пронајде украдениот часовник во сместувањето и му го врати на сопственикот. Идентификацијата беше можна благодарение на делот од ремчето што недостасуваше. Во истиот објект беше пронајден и бибер-спрејот.

Надлежните соопштија дека пронајдоа и двајца млади мажи, на возраст од 21 и 26 години, кои се осомничени дека го преземаа украдениот часовник.