Намерно предизвика пожари во јужниот дел на Франција – притвор за 23 годишник

Од:

Дваесет и тригодишен маж денеска е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан.

Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ.

Осомничениот е уапсен „по опсежна истрага“ за дела сторени меѓу 19 и 24 јули. По апсењето бил задржан во полициски притвор, а потоа изведен пред истражен судија.

Против него е покрената истрага за кривично дело уништување со пожар на шуми, шумски подрачја, пасишта или засади што му припаѓаат на друго лице, при што е нанесена неповратна штета на животната средина.

Одреден му е притвор до судењето.

Заменичката обвинителка потсети дека станува збор за кривично дело за кое му се заканува казна затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра. Барикан наведе дека во тек се и други истраги во врска со дополнителни пожари.

„Обвинителството во Драгињан се стреми брзо и одлучно да ја спроведе кривичната постапка“, рече таа.