Арбелоа сам се понуди во Баер Леверкузен – го одбија

Од:

Потрагата по тренер во Баер Леверкузен сè уште е во тек, а според германски Билд, еден од кандидатите што се понудил бил Алваро Арбелоа, но клубот наводно го одбил.

Според Билд, поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, контактирал со челниците на Леверкузен со намера да го преземе тимот и да го направи следниот чекор во својата кариера, но спортскиот директор Симон Ролфес и извршниот директор Фернандо Каро одлучиле дека тој не е вистинскиот избор во овој момент.

Леверкузен е во чувствителна фаза од потрагата по нов тренер, бидејќи главните кандидати Филипе Луис и Андони Ираола се многу блиску до договори со други клубови, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Арбелоа го водеше Реал Мадрид минатата сезона откако го презеде првиот тим во специфични околности, а претходно работеше во младинскиот оддел на клубот. Иако оствари солиден настап во однос на бодовите, сезоната ја заврши без трофеј: испаѓање во Купот на Кралот, предвремен крај во Лигата на шампионите и заостанување во првенството зад Барселона.

Во Мадрид, според шпанските медиуми, сезоната беше обележана и со бројни тензии во соблекувалната, што дополнително ја оптовари работата на тренерскиот штаб.

Би можело да ве интересира

Новиот тренер на Реал: Ако сакав да сум како Мурињо, ќе бев спектакуларно неуспешен

А1он

Тен Хаг го презема кормилото на Баер Леверкузен

А1он