Во германскиот град Етинген им Гау, доцна синоќа се случи тешко злосторство кога 48-годишна жена е осомничена за убиство на својот 52-годишен партнер, а потоа самата се јави во полиција.
Непосредно пред полноќ, жената преку итен повик ја извести полициската станица во Фархајм дека го уби своето момче, објавува Билд.
На местото на настанот во станбената зграда веднаш се испратени неколку полициски патроли и брза помош. Во станот, полицајците го пронашле безживотното тело на 52-годишен маж, на кого лекарите повеќе не можеле да му помогнат.
Според заедничкото соопштение на државното обвинителство Ротвел и полицијата, мажот починал како резултат на „насилство“, а првичните информации укажуваат дека бил повреден од остар предмет, објавува SWR.
48-годишната осомничена, која има хрватски корени, е уапсена на лице место без да се спротивстави.
Потврдено е дека жртвата и осомничениот биле во врска.
