Актерката Камерон Дијаз (53) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден (47), го добија своето трето дете. Среќната вест дека се роди синот на Наутус Маден ја објави гордиот татко на социјалните мрежи.
„Камерон и јас сме среќни, возбудени и пресреќни што го објавуваме раѓањето на нашето трето дете, Наутас Маден. Добредојде на светот, сине!“, напиша Бенџи на Инстаграм. „Го сакаме животот со нашето семејство – нашите деца се здрави и среќни и сме благодарни за тоа! Се забавуваме одлично. Најдобри желби до сите“, додаде тој во име на „семејството Маден“, додека Камерон сподели серија емотикони во форма на срце во коментарите.
Двојката, која се венча во 2015 година, веќе има две деца. Ќерката Радикс е родена во 2019 година, а синот Кардинал се роди во 2024 година.
Актерката претходно зборуваше за искуството на мајчинството во подоцнежните години како гостин во шоуто на Наоми Кембел.
„Кога ќе создадеш семејство кога си млада, тоа е како сè друго кога си млада: едноставно го правиш тоа. Но, кога си на мои години и ќе одлучиш да го направиш тоа, тогаш тоа е свесен избор. Навистина мора да работиш за тоа“, објасни таа во тоа време.
На шега додаде: „Единствениот притисок што го чувствувам сега е дека морам да живеам, да речеме, до 107 години. Без притисок!“.
