Израелски војник со чекан крши статуа на Исус во Либан – Нетанјаху е „запрепастен и тажен“

Од:

Израелските воени претставници потврдија дека фотографијата што се појави на социјалните мрежи и го прикажува инцидентот е автентична.

Фотографијата покажува како израелски војник со чекан удира во главата на статуа на распнат Исус кој паднал од крстот, пишува Гардијан.

Статуата се наоѓа во Дебл, христијанско село на југот на Либан, по должината на границата со Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди сквернавењето на религиозниот симбол и рече дека е „запрепастен и тажен“ кога дознал за тоа.

Тој додаде дека ќе бидат преземени „строги дисциплински мерки“ против лицето одговорно за тоа.

Министерот за надворешни работи Гидеон Саар го нарече чинот „срамен и мизерен“ и им се извини на христијаните чии религиозни чувства беа повредени.

Сквернавењето на религиозната статуа предизвика бес во Либан и во странство, особено меѓу евангелистите во САД.

Популарноста на Израел меѓу американските евангелисти, традиционално упориште на поддршката за земјата, постојано опаѓа од почетокот на војната во Газа.