Земјотрес со јачина од три степени по Рихтер го погоди Сараево

Од:

Земјотрес со јачина од три степени по Рихтер го погоди поширокото подрачје на Сараево, а епицентарот се наоѓа во близина на Пале.

Според податоците од Европскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран на длабочина од околу пет километри, со епицентар на 16 километри источно од главниот град на Босна и Херцеговина.

Граѓаните на веб-страницата на EMSC опишаа како го почувствувале тресењето. Некои наведуваат дека траело кратко, но било доста силно, додека други истакнуваат дека станува збор за неколку последователни потреси во брановите. Жителите на сараевските населби, како што се Бистрик и Стари Град, истакнуваат дека земјотресот бил јасно почувствуван, со впечаток сличен на татнеж.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.